Ракометарките на гостински терен во Кичево

22.11.2013 09:00 | KumanovoNews

Утре, на гостински терен ракометарките на Куманово за противник ја имаат екипата на Кичево 10.

Ракометарките на гостински терен во Кичево

Ова е последен натпревар од есенскиот дел во домашното натпреварување на кое ракометарките цврсто застанаа на второто место на табелата.

Она што го ветивме, тоа и го исполнивме. Задоволни сме од играта на домашните ракометарки во кои навистина многу вложивме, а тие докажаа дека се екипа која може да напредува и да го достигне врвот на табелата-изјавија од клубот.

Со само три поени повеќе од ЖРК Куманово, екипата од Охрид застана на првото место на табелата, а зад нас се екипата на Ѓорче од Скопје и големиот Пелистер како 4то пласиран.

Од натпреварот против екипата на Кичево, како и досега очекуваме нови 3 поени кои навистина нашите ракометарки со нивната квалитетна игра ја заслужуваат-додадоа од клубот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk