Ракометарките на гостински терен во Прилеп

09.10.2013 08:12 | KumanovoNews

Денеска ракометарките на Куманово гостуваат на екипата "Таста 107" во Прилеп.

Ракометарките на гостински терен во Прилеп

Оваа за ракометарките е втор натпревар од оваа сезона и се надеваме на уште една победа и нови поени за клубот кои се од големо значење за натамошните натпреварувања.

Вестивме фер игра и одиме на сигурна победа. Натпреварувањата во оваа лига се новина и во нашиот клуб, но секако не потклекнуваме пред новите предизвици. Одиме храбро и со квалитетни домашни играчи одиме на победа-изјавија од клубот.

Овој викенд започнува и младинската лига за ЖРК Куманово и ракометарките за противник ја имаа екипата на Металург во Скопје, пионерките гостуваат во Делчево, а првата екипа патува во Битола и против екипата на Пелистер ќе се бори за нова победа и нови поени во лигата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk