Ракометарките на Куманово ги декласираа прилепчанки

16.03.2014 21:18 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово ја декласираа екипата на  Таста 107 од Прилеп. Конечен резултат на мечот беше 30:18.

Ракометарките на Куманово ги декласираа прилепчанки

Успешно деби на клупата на Куманово имаше новиот тренер, Николина Михајловска која со победа го започна пролетниот дел од сезоната. Тимот на Таста 107 беше рамноправен противник само на почетокот на натпреварот, а потоа кумановчанки востпоставија целосна контрола и го диктираа темпото до крајот на натпреварот.

Најефикасни поединци на натпреварот беа М.Паневска и А.Боризовска со 8 гола. Кај гостите М.Митреска постигна 7 гола.

Ракометот во Куманово е во подем за што говореше големиот број на посетители кои беа присутни во Спортката сала во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk