Ракометарките на Куманово ја пречекуваат Кожувчанка

26.04.2013 10:47 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово утре во 14:30 во Спортската сала ја пречекуваат екипата на Кожувчанка.

Ракометарките на Куманово ја пречекуваат Кожувчанка

Натпреварот се игра во рамките на четвртото коло од Плеј-аут лигата. Овие две екипи се сретнаа во рамките на првото коло, каде што Куманово триумфираше со резултат 16:20.

Добро го познаваме противникот и одиме на победа, со која ќе ја зацврстиме првото место од Плеј-аут доигрувањето - изјави Габријела Трајковска, капитен на екипата.

Пионерките на Куманово утре и гостуваат на екипата на Овче Поле во Свети Николе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk