Ракометарките на Куманово на домашен терен против екипата на Кичево

19.04.2013 08:40 | KumanovoNews

Утре, во Спортската сала во Куманово, со почеток во 16.30 часот, нашите ракометарки за противник ја имаат екипата на Кичево 10.

Ракометарките на Куманово на домашен терен против екипата на Кичево

Во оваа трето коло од плеј-аут натпреварите, домашниот терен, нашата публика и пред се спортската игра која ја имаат нашите ракометарки, можеме да се надеваме на сигурна победа против екипата на Кичево-изјави Габријела Трајковска, капитенот на екипата.

Љубителите на ракометот во недела во 12 часот во основното училиште Христијан Тодоровски Карпош ќе имаат можност да го проследат натпреварот на пионерките на Куманово против екипата на Кожувчанка, Штип.

Следниот натпревар ракометарките на Куманово  го играат повторни на домашен терен против екипата на Кожувчанка,Штип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk