Ракометарките на Куманово на прв натпревар пред домашна публика

03.10.2013 09:04 | KumanovoNews

Женската ракометна екипа на Куманово во сабота, со почеток од 14.30 часот во Спортската сала ќе одигра натпревар против екипата на Сап Акумулатори од Пробиштип.

Ракометарките на Куманово на прв натпревар пред домашна публика

Ова за ракометарките е прво натпреварување од оваа сезона и уште еден предизвик за да докажеме дека во градот имаме квалитетни спортисти и квалитетен тим кој со срцето на терен ќе се бори во секој натпревар се повеќе, за да стигне до самиот врв на табелата-изјавија од клубот.

Трет натпревар од домашното натпреварување во недела во 11.30 часот против екипата на Металург од Скопје, ќе го одиграат пионерките на ЖРК Куманово во Основното училиште Христијан Тодоровски Карпош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk