Ракометарките на Куманово поразени од Металург

31.10.2012 09:27 | KumanovoNews

 Вчера во заостанатиот натпревар од 2-то коло од Супер женската лига, ракометарките на Куманово на свој терен беа поразени од екипата на скопски Металург со 23:38, полувреме 11:25.

Ракометарките на Куманово поразени од Металург

Домашните ракометарки се чини натпреварот го изгубија уште во првото полувреме, кога супериорните гостинки од Скопје направија разлика од +14 гола (11:25) и водството успеајаа да го задржат до самиот крај. Кумановските ракометарки, пак, и покрај поразот оставија солиден впечаток, дадоа 23 гола,  но целосно потфрлија во одбраната, особено во првото полувреме кога дозволија за 30 минути да примат вкупно 25 гола. Најефикасни кај домаќинките беа Ристевска со 7 и Јовановска со 5 гола, додека, пак, кај гостинките Николовска со 8  и Митрова со 6 гола. Наредното коло ракометарките на Куманово играат на гости со екипата на Кожувчанка во Штип.

                                        Т.Д.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk