Ракометарките на Куманово против Металург за влез во Плеј-оф

30.03.2013 11:58 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово во недела во 16:30 ќе го играат клучниот натпревар оваа сезона, кое гарантира место во Плеј-оф.

Ракометарките на Куманово против Металург за влез во Плеј-оф

Во првиот натпревар, Металург беше поуспешен од Куманово со резултат 24:21.

Во последниот натпревар од првенството влегуваме максимално спремни и мотивирани. Одиме а победа во натпреварот кој ни гарантира место во Плеј-оф - изјави капитенот на екипата Габријела Трајковска.

Љубителите на женскиот ракомет можат да проследат уште два натпревари овој викенд. Вечерва во 20 часот во салата на ОУ Христијан Тодоровски - Карпош игра младинскиот состав на Куманово, а во недела во 14:30 играат пионерките на ЖРК Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk