Ракометарките на Куманово со одлични резултати во Турција

25.11.2019 11:01 | KumanovoNews

Македонската женска ракометна репрезентација, во која учествуваа и ракометарки од ЖРК Куманово, во Турција одиграа неколку контролни натпревари како тест проверка на формата на ракометарките.

Ракометарките на Куманово со одлични резултати во Турција

Во првиот натпревар против Италија, завршија со резултат 29:29, каде нашите ракометарки постигнаа солиден резултат:  Кипријановска и Гичевска постигнаа по 2 гола, а Јанкуловска запиша 1 гол.

Во вториот натпревар, против Турција Б, македонската репрезентација заврши со победа со резултат 37:19, каде ракометарките на Куманово се покажаа во одлично светло.

Постигнати голови: Боризовска постигна 7, Кипријановска 6, Јанкуловска 2, Марковиќ 1.

Во третиот пријателски натпревар, нашата репрезентација го доживеа првиот пораз од А тимот на Турција со резултат 42-33. Од Куманово најмногу голови постигна Јована Кипрјановска-6 голови.

Денес, македонската репрезентација се среќава со Косово, а по  натпреварот се враќа дома.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk