Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Овој викенд ракометарките на Куманово го започнаа натпреварувањето од Плеј-аут лигата за оваа сезона.
На состанокот кој се одржа во просториите на Ракометната федерација на Македонија, беа извлечени три екипи кои ќе се натпреваруваат во плеј-аут натпреварите.
Првиот противник на Ракометарките на Куманово беше женската екипа на Кожувчанка од Штип.
Кумановчанки беа убедливо подобри од противникот и на гостински терен успејаа да ја совладаат екипата на Кожувчанка со резултат 16-20 (6-6).
Следниот натпревар Кумановчанки ќе го одиграат следниот викенд против екипата на Кичево.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk