Ракометарките на Македонија на гости кај Србинките

21.03.2013 09:34 | KumanovoNews

Загревањето за јунските бараж дуели нашите најдобри ракометарки го стартуваат денеска кога ќе го одиграат  првиот контролен дуел со Србија која е домаќин на следното Светско првенство. Натпреварот ќе се одигра во Крагуевац, а почнува во 18 часот.

Ракометарките на Македонија на гости кај Србинките

Селекторот Гино Стрезовски за првпат ќе може да ја провери формата на македонските ракометарки кои ќе настапат со видно изменет состав. За разлика од Европското првенство во декември минатата година, Стрезовски на овие два натпревара (вториот се игра во сабота) нема да може да смета на четири ракометарки.

Настапот во репрезентацијата го откажаа Тања Андрејева, Јулија Николиќ и Драгана Пецевска, додека поради повреда нема да настапи Мирјета Бајрамовска.

Овие дуели ќе послужат како проверка пред бараж-дуелите кои нашата селекција во јуни ги игра со Шпанија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk