Ракометарките останаа без четвртина финале во Челинџ купот

11.02.2013 10:42 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово го завршија реваншот натпревари на гостински терен против екипата на Зрињски во Мостар со победа од 31:29

Ракометарките останаа без четвртина финале во Челинџ купот

Својот настап на меѓународната сцена го завршија ракометарките на Куманово со победа над екипата на Зрински од Мостар со 31:29, но недоволно за пласман во четвртфиналето од Челинџ купот, бидејќи Босанките славеа убедливо на првиот меч исто така одигран во саботата на нивен терен со 30:18.

Ова воедно беше втор настап на клубот во европските купови. Претходно за прв настапи во Европа токму во Челинџ купот во сезоната 2004/2005 кога беа елиминирани од италијанскиот тим на Флоргарден со два високи порази (48:20/51:30), и тогаш по договор, ЖРК Куманово двапати гостуваше, мечевите беа одиграни во Сасари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk