Ракометарките се реваншираа за поразот од Ѓорче

14.12.2015 14:54 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово забележаа нова победа во женската Супер лига, победувајки ја екипата на Ѓорче со резултат 28-18.

Ракометарките се реваншираа за поразот од Ѓорче

Во натпревар во кој речиси сите ракометарки добија шанса на натпреварот, Куманово потврди дека за нив само Вардар и Металург се вистински предизвик. Првото полувреме беше изедначено и Куманово замина со резултат 13-10, но после паузата ја потврди својата доминација постигнувајки 15 гола наспроти 8.гола кои ги постигна Ѓорче.

Конечен резултат на мечот беше 28-18.

Моника Паневска постигна 7 гола во победата за Куманово. Кај гостинките само 4 ракометарки се запишаа во листата на стрелците, а најефикасна беше Теодора Гулицоска со 12 гола.

Ракометарките заминуваат на заслужена зимска пауза. Тие се третопласирани со 18 бода на табелата. ЛИдер на табелата е Вардар Ј. со 27 бода, а Металург има 24 бода.

Зад Куманово е Ѓорче со осум бода помалку(10), а потоа следува Прилеп со 9 бода, Пелистер со 7 бода и последен е Овче Поле со 2 бода на табелата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk