Ракометарките со 31 гол го победија тимот на Алушовски

29.11.2019 10:55 | KumanovoNews

Кумановските ракометарки, во рамките на единаесетото коло од Првата женска лига, вчера извојуваа победа против екипата на Алушовски, со разлика од 31 гол, со што останаа први на табелата.

Ракометарките со 31 гол го победија тимот на Алушовски

Натпреварот заврши со резултатот 52:21.

Уште на самиот почеток од играта, беше сосема извесно дека кумановските ракометарки, кои и беав фаворит на натпреварот, дека ќе победат, па на крајот од првото полувреме завршија со резултат 28:9.

Веќе во второто полувреме Куманово само ја зголемуваше својата предност, а најефикасни беа Глигоријадис со 11 гола и Трајковиќ со 9 гола.

Голови постигнаа: Глигоријадис 11, Трајковиќ 9, Марковиќ 6, Пецанова 2, Боризовска 2, Шарановиќ 2, Кипријановска 3, Радевска 3, Цветановска 5, Гичевска 6,  Јанкуловска 3.

Во следното коло од есенската сезона ЖРК Куманово ќе игра против екипата на Спартак.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk