Ракометарките тргнаа за Украина во ЕХФ пресметката со Галичанка

18.11.2020 20:13 | KumanovoNews

Екипата на ЖРК Куманово денеска замина за Украина каде што ќе ги одигра натпреварите од Европскиот ЕХФ куп.

Ракометарките тргнаа за Украина во ЕХФ пресметката со Галичанка

Противник на Куманово ќе биде тимот на ГК Галичанка од Л'вов. Тимот на ГК Галичанка е шесткратен шампион во првенството на Украина, троен освојувач на купот и актуелен шампион во Балтичката лига.

Поради реконструкција на салата, Куманово ќе ги одигра двата натпревари во Украина, но и покрај предноста на домашен терен на Галичанка, тимот се надева на позитивен исход од овој двомеч.

Првиот натпревар е закажан за 20.ноември во 18 часот, а реваншот се игра на 22.ноември во 11 часот.

Сите љубители на ракометот можат да очекуваат директен линк на фејсбук страната на ЖРК Куманово каде што ќе можат да го одгледаат овој дуел.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk