Ракометарките вечерва патуваат за Мадрид

20.10.2016 12:19 | KumanovoNews

Екипата на ЖРК Куманово ги прави последните подготовки пред реванш натпреварот против тимот на Хелветиа БМ. Алкобентас.

Ракометарките вечерва патуваат за Мадрид

Тие заминуваат во доцните вечерни часови во Мадрид, а натпреварот ќе се одигра во сабоата. На денешната прес конференција,тренерот Антонио Ивановски направи осврт на натпреварот одигран во Куманово.

светло. Натпреварот се кршеше со средината на второто полувреме. Искуството и физичката подготвеност на гостите го доби наптреварот, меѓутоа на голот имаа одлична голманка која одбрани преку 20 одбрани. Ние загубивме меѓутоа мислам дека не разочаравме. Во Мадрид ќе играме растеретено и ќе се обидеме да постигнеме што подобар резултат. Ние одиме чекор по чекор, ќе дадеме шанса на сите ракометарки да го добијат потребното искуство. Се надевам дека градот, Градоначалникот и Советот ќе дадат уште поголема помош во креирање на подобри резултати на овој состав - изјави Ивановски.

Од клубот се заблагодариа на публиката која дојде во толку голем број да ја бодри оваа екипа, и истакнаа дека се надеваат на слична подршка и во четврток кога ќе играат против тимот на Металург. Филип Додевск, член на управата на клубот е оптимист пред следниот натпревар и верува дека Куманово да се врати со позитивен резутлат од Мадрид.

Јас сум оптимист и се надевам дека ќе успееме да оствариме победа, па и со тие шест гола колку ни се потребни за пласман во следната фаза. Следниот натпревар против Металург најверојатно ќе биде од хуманитарен карактер, меѓутоа за тоа додатно ќе ја известиме јавноста - додаде Додевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk