Ракометарките загубија од Металург

02.11.2015 12:46 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово загубија од екипата на Металург со резултат 19:32.

Ракометарките загубија од Металург

Победникот на мечот беше решен уште во првото полувреме кое гостинките од Автокоманда го добија со 9:22. Во продолжението двата тима постигнаа уште по 10 гола за конечен резултат 19:32.

Екипте на Вардар и Металург се на делба на првата позиција со 12 бода и се без пораз. Куманово е предводник на „вториот дел“ од табелата, и се наоѓа на третата позиција со шест бода. Кумановчанки ги одиграа најтешките два натпревари, а во следното коло ќе се борат за зачувување на третата позиција против тимот на Пелистер на гостински терен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk