Ракометарките загубија од Металург

19.04.2016 10:29 | KumanovoNews

Ракометарките на Куманово овој викенд имаа тежок натпревар против тимот на Металург кој го загубија со резултат 20:38.

Ракометарките загубија од Металург

Екипата на Металург уште на прв поглед делуваше физички надмоќно што допринесе гостинките од Скопје лесно да воспостават резултатска  предност и да го исконтролираат натпреварот до самиот крај. Резултатот на полувреме беше 9:17 а во второто полувреме ракометарките на Куманово делуваа како да се предадоа, па натпреварот заврши со резултат 20:38. Андреа Белеска постигна 10 гола во победата за Металург додека Пеовска Викторија постигна 8 гола за Куманово.

Следниот натпревар Куманово го игра против првиот тим на Вардар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk