Ракометната ЛШ продолжува во февруари

09.01.2014 08:14 | KumanovoNews

По тримесечната пауза која ракометарите ја направија поради настапите на Светското првенство во женска конкуренција и Европскиот шампионат во машка конкуренција, следуваат нови возбудувања во февруари во ракометната Лига на Шампионите.

Ракометната ЛШ продолжува во февруари

Во машка конкуренција нашите два претставника Металург и Вардар до крајот на првиот дел од натпреварувањето ќе треба да одиграат уште три средби и имаат шанси да се пласираат во Топ 16 фазата која ќе биде најголемиот успех во историјата на македонскиот ракомет.

Додека во женската конкуренција ќе продолжат натпреварите од четвртфиналните групи каде помеѓу осумте најдобри е и македонскиот првак ЖРК Вардар.

Лига на шампиони - мажи

8.коло

08.02.2014-18:00 часот-ПСЖ - Металург; 09.02.2014-18:00 часот-Вардар - Динамо Минск

9.коло

16.02.2014-15:00 часот-Динамо Минск - Металург; 16.02.2014-18:00 часот-Вардар - Вакер Тун

10.коло

22.02.2014-18:00 часот-ПСЖ - Вардар; 23.02.2014-18:00 часот-Металург - Барселона

Лига на шампиони - жени

1.коло - 02.02.2014

18:00 часот-ЖРК Вардар СЦБТ-Турингер

2.коло - 09.02.2014

15:30 часот-Савехоф-ЖРК Вардар СЦБТ

3.коло - 15.02.2014

18:00 часот-ЖРК Вардар СЦБТ-Митјиланд

4.коло - 02.03.2014

18:15 часот-Митјиланд-ЖРК Вардар СЦБТ

5.коло - 08.03.2014

15:00 часот-Турингер-ЖРК Вардар СЦБТ

6. коло - 16.03.2014

18:00 часот-ЖРК Вардар СЦБТ-Савехоф

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk