Распоредот на Македонија на Светското првенство во ракомет

20.07.2012 08:13 | KumanovoNews

Македонската машка ракометна репрезентација доби неверојатно добар распоред на Светското првенство во Шпанија, каде што вчерашната ждрерпка не смести во групата Б заедно со Данска, Исланд, Русија, Чиле и Катар.

Распоредот на Македонија на Светското првенство во ракомет

Така, во првите две кола, избраниците на селекторот Звонко Шундовски ќе се соочат со „аутсајдерите“ Чиле и Катар, па со евентуални две победи веќе ќе бидеме во осминафиналето.

Кирил Лазаров и останатите го почнуваат походот на 12 јануари со дуел против Чиле, а два дена подоцна на ред е Катар. На 15 јануари следи пресметка со Русите, па по еден ден пауза следи и мечот со Исланд. Шлагворот доаѓа на крајот – дуелот со европските прваци Данска на 19 јануари, а претходно ќе имаме и еден ден пауза, што секако ќе биде драгоцено пред обидот за одмазда над скандинавците.

Македонија своите натпревари од групата ќе ги игра во Севиља, а осминафиналето е на програмата во Барселона.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk