„Растеме заедно“ по шестти пат во Куманово

06.10.2016 14:46 | KumanovoNews

Утре започнува кошаркарскиот турнир „Растеме заедно“ кој се одржува по шетти пат во организација на кошаркарскиот клуб Пинк Пантери.

„Растеме заедно“ по шестти пат во Куманово

Покрај домаќинот, учесници оваа година на турнирот ќе бидат екпите на Кош Сараево, Борац од Чачак и кошаркарскиот клуб Сплит.

Првиот натпревар ќе започне во 17:30 помеѓу тимовите на Кош од Сараево и Борац Чачак, а од 19:30 турнирот свечено ќе биде отворен по што следува натпреварот помеѓу Сплит и Пинк Пантери.

Натпреварите ќе се играат до недела, по што следува затворање на турнирот, прогласување на победникот и доделување на пехари и медали за најдобрите поединци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk