Реал Мадрид - Манчестер Сити и Челси - Јувентус на Плоштад Македонија во Скопје

17.09.2012 11:04 | KumanovoNews

 Сите фудбалски фанови може да ја започнат новата сезона од најпрестижното европско фудбалско натпреварување - УЕФА Лигата на Шампиони со натпреварите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити на 18-ти и Челси и Јувентус на 19-ти септември.

Реал Мадрид - Манчестер Сити и Челси - Јувентус на Плоштад Македонија во Скопје

Македонски Телеком за сите обожаватели на добриот фудбал, овозможи највозбудливите натпревари на почетокот на новата сезона да се следат на огромен екран на Плоштадот Македонија. Со почеток од 20:45 часот, сите присутни на плоштадот ќе имаат можност да уживаат во шампионските натпревари во жешка навивачка атмосфера.  

Најдобриот фудбал е подостапен од кога било за сите корисници на MaxTV и тоа со вкупно 210 натпревари од двете лиги и за прв пат со паралелно следење на четири натпревари истовремено. УЕФА Лигата на Шампиони и УЕФА Лига Европа ќе бидат  промотивно достапни за сите корисници на MaxTV  до крајот на септември. Најпрестижниот европски фудбал може да се следи каде и да сте во кое било време преку  MаxTV  на интернет  преку www.web.maxtv.mk или на вашиот мобилен телефон преку www.t-mobile.mk/tv.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk