Речица домаќин на првиот турнир во женски фудбал  

23.07.2021 13:19 | Стефан Николиќ

Наредниот викенд (31.07 и 1.08), во кумановското село Речица ќе се одржи првиот турнир во женски фудбал. Турнирот се организира по повод 100-годишнината на селото, во организација на Фудбалскиот клуб Речица и Општинскиот сојуз на спортови.

Речица домаќин на првиот турнир во женски фудбал  

„На турнирот „Речица 1921-2021“ ќе учествуваат екипите на ЖФК Речица, ЖФК Каменица - Саса од Македонска Каменица, ЖФК
Тиверија од Струмица, ЖФК Машинац од Ниш, Р.Србија. Натпреварите ќе се играат на теренот во селото Речица од 16 и 18 часот. Во недела финалниот натпревар ќе се игра од 18 часот“, информираат организаторите. 

Потоа следува прогласување на победникот и доделување на награди на најдобрите спортистки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk