Реизбран претседателот на спортските риболовци

28.02.2011 14:04 | KumanovoNews

Со убедливо мнозинство, спортските риболовци на Годишното изборно собрание вчера, на досегашниот претседател на СРД ,,Пчиња‘‘ му доверија да ги предводи и во наредниот 4-годишен мандатен период.

Реизбран претседателот на спортските риболовци

На изборно-отчетното Собрание присуствуваше невообичаено голем број спортски риболовци (околу една половина од над 600-тините членови) што за досегашното раководство, подмладено со неколкумина нови членови претставува признание за тоа што го има постигнао во унапредувањето на спортскиот риболов во текот на изминатите четири години.

„Наша обврска е и во наредниот период да работиме на омасовување на спортскиот риболов со младински и пионерски вљубеници  во овој убав и интересен спорт на реките и изерета на подрачјето на нашата Општина и во поширокиот регион. Се разбира и во наредната четиригодишна програма како приоритет ни останува збогатувањето на рибниот фонд со порибување на нашите реки и негова заштита, како и грижата за екологија околу водотеците во регионот. Не се занесуваме со ветувања дека наполно ќе го искорениме рибокрадството без помош на другите надлежни органи и институции во државатаива, но ќе се бориме ова зло на нашите реки барем да го сведеме на што е можно пониско ниво‘‘ - изјави за Kumanovonews  претседателот на СРД ,,Пчиња‘‘ Бранислав Димовски-Сувка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk