Репрезентацијата до 16 години почнува со настапите во Букурешт

19.07.2012 08:03 | KumanovoNews

Македонија ќе игра во групата „Б“ заедно со селекциите на Словачка, Данска, Бугарија и Белгија

Репрезентацијата до 16 години почнува со настапите во Букурешт

Македонската кошаркарска репрезентација денеска започнува со натпреварите на Европското првенство за играчи до 16 години Б дивизија кое се одржува во главниот романски град Букурешт.

Предводени од селекторот Игор Михајловски и засилени со двајцата многу талентирани кошаркари, Кристијан Николов и Андреј Магдевски, Македонија ќе се обиде да го поправи впечатокот од претходното првенство кое се одржа во Струмица, а на кое заврши како 19-то пласирана во конкуренција на 22 репрезентации.

Михајловски во Букурешт ќе настапи со следниве избраници: Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Андреј Цветковски, Филип Јанковски, Илија Парталов, Методија Бишлиовски, Ненад Стојановски, Оливер Двојаковски, Филип Бакоч, Мартин Шалев, Симеон Митров и Лука Петровски.

Македонија ќе игра во групата „Б“ заедно со селекциите на Словачка, Данска, Бугарија и Белгија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk