Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националниот ромски центар од Куманово, викендов организираше ревијален фудбалски натпревар помеѓу две екипи, ученици со мулти-етнички состав од средните училишта, како завршна активност од одбележувањето на Акциона недела на ФАРЕ „Со фудбал против расизмот„.
Во фудбалските екипи беа вкучени Албансци, Роми , Македонци со цел да се забавуваме и да играме фудбал. Овие активности се одржуваат секоја година и се проширени во цела Европа, а ние како НРЦ пета година по ред се вклучуваме во тие активности. Неделата за борбата против расизмот во фудбалот е интереснен настан особено за младите и секогаш имаме пријавено голем број учесници – изјави Кирил Петковски-координатор за Фаре во Националниот ромски центар.
Оваа манифестација годинава НРЦ ја спроведува со цел за помасовно вклучување на Ромите во спортот ,особено во фудбалот. Во изминатиот месец имаше трибини и средби во повеќе градови со истакнати спортисти. На ревијалниот фудбалски натпревар присутни беа и поранешни фудбалери и тренери од фудбалскиот клуб Рома од Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk