РК Астарион забележа победа над Куманово

08.10.2018 10:44 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово го забележаа четвртиот пораз во Првата лига одкако беа надиграни од тимот на Астарион со резултат од 30:27 во меч во кој доминираа струмичани претежно голманот Гогов и расположениот стрелец Ончев.

РК Астарион забележа победа над Куманово

Куманово имаше предност од еден до два гола само во почетните минути по што стапи на сцена  Васил Гогов кој стана енигма за кумановчани како да ја затресат неговата мрежа. Со неколкуте негови одбрани, астраионци во финишот од првото полувреме дојдоа до резултатски пресврт но и предност од четири гола или 11:15 за струмичани

Во второто полувреме струмичани ја продолжија својата фантастична игра и не дозволија во ниту еден момент Куманово да направи изненадување кој мораше пред своја публика да се предаде во корист на Астарион

Голманот на струмичани Васил Гогов имаше фантастични  14 одбрани и тоа во клучни моменти а во нападот блескаше Иванчо Ончев кој постигна дури 13 голови.

Со ова втора победа во групата 2, Астраион има вкупно 7 бода и веќе се проби на третата позиција на прволигашката табела, а Куманово е последен без бодови.

Ване Трајков

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk