РК Хазена-Металург учествуваше на новогодишен турнир

25.12.2014 14:47 | KumanovoNews

Ракометниот клуб Хазена - Металург, учествуваше на новогодишен мини ракометен турнир во организација на ракометната академија Металург од Скопје.

РК Хазена-Металург учествуваше на новогодишен турнир

Кумановската филијала на Металург учествуваше со две машки екипи  и една женска екипа, членови родени 2004/2005 година.

Женскиот тим освои четврто место на турнирот, а машките екипи завршија како второ односно третопласирани во групата.

Сакаме да им се заблагодариме на сите дечиња кои учествуваа, на нивната огромна борбеност и желба за победа - изјавија од клубот Хазена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk