РК Карпош започнуваат со натпреварување во Вардаровата лига

03.11.2017 14:52 | KumanovoNews

Ракометниот клуб Карпош - Вардар започнува со натпреварите во ракометната јуниор лига на Вардар.

РК Карпош започнуваат со натпреварување во Вардаровата лига

Тие ќе се натпреваруваат во машка конкуренција со ракометари родени 2004 година и помлади. Минатата сезона оваа екипа заврши како вице-шампион.

Продолжуваме со нашата соработка со ракометниот клуб Вардар. Оваа сезона учествуваме со машка екипа од ракометари родени 2004 година и помали. Минатата сезона во оваа конкуренција го завземавме второто место на табелата, тимот е речиси ист како лани па се надеваме дека ќе забележиме што подобар резултат. Имаме 9 противника во првенството, играме лига систем, а најдобрите четири екипи продолжуваат во Плеј-оф натпреварување. - изјави Миодраг Јовановски Црни, тренер на екипата.

Првиот натпревар РК Карпош Вардар го игра против Кисела Вода во Скопје, во недела со почеток во 10 часот.

Фото: www.rkvardar.mk / Денис Дуковски
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk