РК Куманово го доби Металург за противник во Купот

25.04.2012 13:10 | KumanovoNews

Ракометарите на Куманово немаа среќа во ждребката која денеска ги одреди полуфиналистите во Купот на Македонија. Кумановчани за противник го добија бранителот на титулата, тимот на Металург.

РК Куманово го доби Металург за противник во Купот

Во другата полуфинална двојка, ќе играат Вардар и Пелистер, со што финалистите од СЕХА лигата се големи фаворити за освојување на Купот на Македонија. Натпреварите ќе се одиграат од 18 до 20 мај.

Во женска конкуренција двојките се Металург - Гевгелија и Вардар - Жито Прилеп а натпреварите ќе се одиграат во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk