Роберт Наумовски го посети „Стронгест енд Рутс“ Куманово

30.12.2014 13:52 | KumanovoNews

Првиот Македонец со црн појас во Бразилска Џиу-џица, Роберт Наумовски овој викенд присуствуваше на тренинзите на клубот „Стронгест енд Рутс“.

Роберт Наумовски го посети „Стронгест енд Рутс“ Куманово

Наумовски живее во Сиднеј, а во оваа посета во Македонија држи семинари низ сите Рутс БЏЏ клубови низ земјата, вклучувајки го и Куманово.

Ова беше одлична можност за нашите членови, а впрочем и за мене лично да се запознаеме со првиот Македонец со црн појас во бразилска Џиу-џица. Се добивме со непроценливо искуство и со нетрпение ја очекуваме следната средба со Наумовски - изјави Мартин Стефановски, тренер во Стронгест енд Рутс, БЏЏ Куманово.

Стефановски од неодамна е првиот син појас кој живее во Куманово. На семинарот во сабота, Андреј Трајковски застана меѓу ретките кумановци со син појас во БЏЏ.

Навистина сум горд што Трајковски доби син појас во просториите на нашиот клуб. Посебно интересна е церемонијата на доделување на појасот, која се случи во нашите простории, а е стадардна за сите кои ќе добијат нов појас - додаде Стефановски.

Кумановските џиу-џицу борци се припремаат за турнир кој би требало да се одржи во март месец.

Со почетокот на Новата година, следува и промоција во клубот. Сите нови членови ќе добијат 50% попуст за месец јануари и февруари. Единствено треба да се обратат во клубот Стронгест енд Рутс БЏЏ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk