Ролан Гарон: Серена против Шарапова

08.06.2013 09:40 | KumanovoNews

Финалето на Ролан Гарос кај жените денеска ќе ја донесе 16.та пресметка меѓу Марија Шарапова и Серена Вилијамс.

Ролан Гарон: Серена против Шарапова

Шарапова е актуелна шампионка на Ролан Гарос и ја брани титулата, додека  Серена Вилијамс е најдобро рангирана и титула во Париз има веќе далечната 2002 година.

Во меѓусебните дуели Вилијамс е убедлива со 13:2, со тоа што Шарапова двете победи ги има постигнато во 2004 година (финале Вимблдон и финале ВТА Мастерс). Во финалните мечеви Вилијамс е во предност со 5:2.

Ова ќе биде нивни прв меч на Ролан Гарос, а финалето почнува во 15 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk