Русија е првиот полуфиналист

09.08.2012 07:06 | KumanovoNews

Кошаркарите на Русија се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри во Лондон, откако ја совладаа репрезентацијата на Литванија со 83-74.

Русија е првиот полуфиналист

Најдобар на средбата беше Андреј Кириленко со 19 поени, 13 скокови, 3 блокади и исто толку украдени топки и асистенции.

Одлични беа и Тимофеј Мозгов со 17 поени и 4 скока, Виктор Хријапа со 12 поени, 6 скокови и 8 асистеции, Фридзон постигна 11, а Моња 10 поени.

Литванија беше предводена од Римантас Каукенас со 19 поени, Дариуш Сонгајла постигна 15, а Мантас Калниетис 14 поени.

Екипата на Дејвид Блат водеше во текот на целиот натпревар, на средината на третиот период имаа и 14 поени предност, но на почетокот на последната четвртина Литванците стигнаа на еден поен разлика.

Хријапа и Моња повторно и донесоа на Русија поголема предност, а вишокот рутинирано го чуваа до крајот на мечот.

Русија во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот помеѓу Франција и Шпанија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk