Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најголемиот и најмалиот кандидат, Русија и Катар ќе ги организираат следните две Светски првенства во фудбал во 2018 и 2022 година, реши Извршниот комитет на ФИФА денеска.
Двата кандидати кои освен во разликата во територијална големина, имаа финансиски напривлечни кандидатури, особено во изградбата на спортските објекти, кои изгледаат како „од 22 век“ ја придобија довербата на членовите на ИК, во атмосфера во која, митото и корупцијата и скандалите доминираа во предвечерието на гласањето и изминатите месец и половина.
Русија е првата Источноевропска земја која организира СП, а ова е најголемиот настан фудбалски што ќе го организира оваа земја, која ја доби довербата и без присуството на алфа и омегата на земјата, премиерот Владимир Путин. Русија во трката за СП 2018 година ги победи Англија, и заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија односно на Белгија и Холандија.
Катар, пак, и покрај потенцирањето на најголемиот проблем жегата во јуни и јули, каде температурите достигаат и до 50 степени, сепак не се покажа како проблематични за оваа земја од средниот Исток да ги победи Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и САД во трката за СП 2022.
Мундијалот оди во нови земји. Никогаш не бил во Источна Европа и на Средниот Исток - рече Сеп Блатер, претседателот на ФИФА.
Русија за СП ќе инвестира 3,8 милијарди евра, а Катар - три милијарди евра. Тоа што импресионира се модерните и неверојатни стадиони што ќе бидат изградени во двете земји, а сооглед на малата држава како Катар, но пребогата со нафта и пари, најавено е дека дел од стадионите ќе бидат расклопени и подарени.
Тоа што импресионира во катарската организација е климатизираноста на стадионите до 28 степени, сооглед дека вистинско изненадување вбеше победата на најмалата земја во оваа трка за СП 2022.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk