Шахистите се натпреваруваа во брзопотезна игра

07.03.2010 17:00 | KumanovoNews

На денешниот брзопотезен турнир во шах што се одржа во просториите на Шаховскиот клуб Куманово, првото место го освои Зоран Илиќ, втор беше Неџбедин Садики, додека третото и четвртото место го делат Влатко Крстевски и Сашо Симов.

Шахистите се натпреваруваа во брзопотезна игра

 Турнирот се одржува еднаш месечно, а најдобрите шахисти на крајот на годината ќе учествуваат на финален натпревар за брзопотезно играње.ее

 Турнирот наиде на многу голем одзив кај шахистите. Минатиот месец учествуваа 12 играчи, а денеска имаме 14 противника. Планирано е до крајот на годината да се одржат 12 вакви турнири во кои најдобрите 10 учесника ќе играат годишен турнир. Таму ќе го добиеме брзопотезниот играч на градот за 2010 година- вели секретарот Зоран Илиќ.

Шаховскиот клуб на чело со претседателот Слободан Ковачевски има амбициозна програма и веќе се планирани повеќе активности.На 20 март ќе се одржиа Градското шаховско првенство, кое е од отворен карактер и можат да се пријават сите заинтересирани граѓани.Во понатамошниот период следува пионерското првенство и подготовките на екипата за влез во првата лига.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk