Шаховски турнир во клубот “Христијан Карпош“

07.05.2013 09:47 | KumanovoNews

 Во клубот “Христијан Карпош“ денеска се оддржува шаховски турнир на кој учествуваат пензионери, вработени од армијата, полицијата, членови на Здружението на армиски и полициски ветерани.

Шаховски турнир во клубот “Христијан Карпош“

Не е само пензионерски, туку и пионерски дружби треба да се прават често. Да не биде фалба, но јас седум пати бев првак на Куманово - рече Милислав Серафимовски, пензионер.

Најдобрите на турнирот ќе бидат наградени, но за учесниците најважно е дружењето.

Задоволство ќе ми биде ако учесниците од другите екипи не поканат на турнири по повод значајни датуми од поновата и постарата историја. Не е важно кој ќе биде прв,  дали ќе има материјална награда, туку важно е продлабочувањето на соработката - изјави Томислав Стојковски, потпретседател на Здружение на армиски и полициски ветерани.

Организаторите се надеваат дека овој турнир ќе биде традиционален и  ќе се оддржува во иднина.

Ове е екипен турнир, викнавме екипи од повеќе институции. Тие се одзваа, прифатија да учествуваат, а воедно е ден на безбедност и условно кажано го одбележуваме. Имаме четири екипи, ќе има три кола. Мислам дека треба да имаме по три - четири турнири годишно, не е проблем имаме простории - вели Александар Мандиќ, организатор.

Турнирот е по повод 9 мај - Ден на победа над фашизмот. Досега се организирани неколку турнири за шах, но со помал обем.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk