Сакиповски член на боксерската репрезентација

21.05.2012 08:36 | KumanovoNews

Младиот Џемаил Сакиповски (56 кг) вчера на отворен спаринг-меч ги победи неговите противници и обезбеди место во младинската репрезентација на Македонија.

Сакиповски член на боксерската репрезентација

Со тоа се стекна со право да учествува на европско младинско првенство во Софија. Никола Димитриевски (64 кг) нема да патува на спаринг-мечот за сениори во Штип поради преголема килажа.

Следниот натпревар на боксерите е на 26 мај и на 02. јуни, кога фајтери ќе ги пречекаат  противниците на домашен ринг во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk