Салата „Перо Наков“ не ги исполнува условите за прволигашки натпревари

16.01.2025 10:54 | KumanovoNews

Спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ не ги задоволуваат стандардите за прволигашки натпревари констатирала комисијата на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), поради неисполнување на техничките услови. 

Салата „Перо Наков“ не ги исполнува условите за прволигашки натпревари

Во дополнителни проверки на салите било констатирано дека во Куманово не функционираат семафорите за 24 секунди, монтирани над кошаркарските табли. Салата на економското училиште ја користи екипата на „МКК Куманово“ за натпревари во Првата МТЕЛ лига за мажи.  

Од клубот велат дека веќе ги презеле неопходните чекори за отстранување на недостатоците.

„Веќе контактиравме со фирма која очекуваме да дојде утре и да ги отстрани укажаните недостатоци. Очекуваме дека нема да имаме проблеми на првенствениот натпревар кој ќе го играме во недела, 18 јануари на домашен терен, токму во посочената сала“, објасни претседателот на клубот Ненад Стојановски.

Комисија формирана од КФСМ ги прегледала делегатските извештаи од досегашниот тек на шампионатот, но била и на терен. Извештаите биле презентирани на состанок со претставници од 12 клуба од првата сениорска лига за мажи. Според правилникот доколку недостатокот не биде отстранет пред почетокот на натпреварите од 14 коло , салите од категорија 2 ќе бидат суспендирани. Тоа значи дека МКК Куманово би требало да бара сала од Категорија 1 која ќе ги исполнува условите.

Во економското училиште  „Перо Наков“ се одржуваат натпревари на сите спортски клубови во Куманово од 2021 година кога Спортската сала беше затворена поради реконструкција.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk