Самарџиски за нелегален трансфер треба да плати 100 илјади евра

05.03.2013 08:45 | KumanovoNews

Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски ќе мора да плати 100 илјади евра поради својот нелегален трансфер од Олин во Лиетувос Ритас.

Самарџиски за нелегален трансфер треба да плати 100 илјади евра

Така одлучи кошаркарскиот Арбитражен суд, а овие пари кошаркарот на Црвена Звезда треба да ги уплати на менаџерската агенција Интерперформанс која била негов застапник до пред две години. Причина за загубениот спор на Самарџиски е тоа што тој при трансферот во Лиетувос Ритас користел услуги на друга агенција иако уште бил под договор со Интерперформанс.

Според судот, Самарџиски треба да плати 21 илјади долари, плус 52 илјади за камати и трошоци за судењето што се заедно дава околу 100 илјади евра. Во меѓувреме, тој си замина од Литванија и во јануари се пресели во тимот на Црвена Звезда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk