Шампионот во БИБЛ падна во Куманово

05.12.2012 08:50 | KumanovoNews

 Македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово му го зема скалпот на шампионот на Балканската БИБЛ-лига, откако вечерва со 74-66 го победи на свој терен израелски Галил Гилбоа.

Шампионот во БИБЛ падна во Куманово

Кумановци играа одлично во првото полувреме, по првата четвртина направија пет коша разлика, а веќе на полувреме имаа убедливи плус 15 поени предност (44-29), но катасторфално лошатата трета четвртина ги врати Израелците во мечот. Со 25-10, Галил Гилбоа се врати во мечот (54-54).

Куманово во последниот период повторно одигра на ниво, па предноста од три поени на седум минути пред крајот ја претвори во следните четири минути со серијата од 13-5 исчекори кон победата за конечни 74-66. (мкд.мк)


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk