Сан Антонио го декласираше Мемфис на стартот на финалето на западот

20.05.2013 08:35 | KumanovoNews

Уште четири тима остана во конкуренција за титулата НБА шампион. Финалето на западот започна со дефанзивна лекција на Сан Антонио Спарс кој триумфираше убедливо со 105:83.

Сан Антонио го декласираше Мемфис на стартот на финалето на западот

Одличната одбрана над еден од носителите на играта, Зек Рендолф кој постигна само два поена, го трасираше патот на Спарси кон победата.

Мемфис имаше обид да се врати во натпреварот, одкако негативата од 17 поени ја намалија на само шест, но Спарси ја вратија разликата со серија од 11:1.

Во вторник навечер продолжува серијата. И вториот натпревар ќе се игра во Сан Антонио по што серијата ќе се пресели во Мемфис.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk