Сан Антонио убедлив против Мајами за водство од 2:1

12.06.2013 08:25 | KumanovoNews

Екипата на Сан Антонио ноќеска оствари победа од 36 поени разлика во финалето на НБА лигата.

Сан Антонио убедлив против Мајами за водство од 2:1

Ова беше прва победа на домашен терен во финалната серија против шампионот Мајами. Конечниот резултат изнесува 113:77 (24:20; 26:24; 28:19 и 35:14) за водство од 2:1 во добиени натпревари.

Првиот дел им припадна на домашните со 50:44, а Леброн Џејмс од Мајами имаше само два поена, но слабата игра на противникот продолжи и до крајот.

Домашните кошаркари постигнаа рекордни во финалето 16 тројки од 32 обиди. Дени Грин (7) и Гери Нил (6) заедно постигнаа 13 тројки или вкупно 51 поен.

Најефикасен кај Мајами беше Двејн Вејд со 16 поени, Џејмс постигна 15, а покрај слабата реализиација за првпат по финалето 2011 со Далас на три натпревари помалку од 20 поени.

Натпреварот број 4 се игра ноќта четврток кон петок повторно на теренот на Сан Антонио.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk