Шарапова најплатена спортистка на годината

07.08.2013 05:44 | KumanovoNews

Руската тенисерка Марија Шарапова е најплатена спортистка во светот во изминативе 365 дена, објави угледниот магазин "Форбс".

Шарапова најплатена спортистка на годината

Во периодот од јуни 2012. до јуни 2013. година Русинката заработила 29 милиони долари. Инаку, Шарапова ја предводи листата најбогати спортистки уште од 2004. година.

Таа изминатава година заработила повеќе дури и од своите машки колеги - Новак Ѓоковиќ (26,9 милиони долари) и Шпанецот Рафаел Надал (26,4).

Веднаш зад неа е американската тенисерка Серена Вилијамс со заработка од 20,5 милиони долари, додека трета е уште една тенисерка, На Ли од Кина, која заработила 18,2 милиони долари.

Меѓу најплатените десет спортистки во светот се наоѓаат дури седум тенисерки. Покрај Шарапова, Вилијамс и На Ли, тука се уште и Азаренка, Вознијацки, Радванска и Ивановиќ.

Листа на најплатените спортистки во периодот од јуни 2012. до јуни 2013. година:

1. Марија Шарапова (Русија, тенис) - 29 милиони долари

2. Серена Вилијамс (САД, тенис) – 20,5

3. Ли На (Кина, тенис) – 18.2

4. Викторија Азаренка (Белорусија, тенис) – 15.7

5. Даника Патрик (САД, автомобилизам) – 15

6. Џу На Ким (Јужна Кореја, уметничко лизгање) – 14

7. Каролин Вознијацки (Данска, тенис) – 13.6

8. Агњешка Радванска (Полска, тенис) – 7.4

9. Ана Ивановиќ (Србија, тенис) – 7

10. Пола Кремер (САД, голф) – 5.5

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk