Се одржа Меѓународен турнир во пинг-понг за јуниори и за лица со телесно оштетување

08.04.2024 15:35 | Сузана Николиќ

Пингпонгарскиот клуб "Куманово" и Општинскиот сојуз на спортови на Куманово, во саботата организираа Меѓународен турнир во пинг-понг за јуниори до 17 години и лица со телесно оштетување.

Се одржа Меѓународен турнир во пинг-понг за јуниори и за лица со телесно оштетување

Турнирот беше  по повод Светскиот ден на спорот 6-ти Април, а учество зедоа четири екипи: ППК "Топспин" од Врање, Р Србија, ППК "Патриоти" од Велес, ППК "Дебар Маало" од Скопје и домаќинот ППК "Куманово", како и лица со телесно оштетување од Скопје и Куманово. 

Во екипна конкуренција прво место освои "Топспин", второ место "Куманово" и трето место "Дебар Маало". 

Во поединечна конкуренција прво место освои Лазар Костиќ од ППК "Топспин" - Врање, второ место Андреј Васевски од "Куманово", и трети места Јаков Јакимовски од ППК "Куманово" и Огнен Ристиќ од "Топспин". 

Во категорија на лица со телесно оштетување, најдобар беше Дејан Алексовски од Скопје, второ местоСтраше Коцевски од Куманово и трет е Ненад Диниќ од Скопје. 

За најмлад и најнадежен учесник на турнирот беше прогласен десетгодишниот Дарис Мемиќ од ППК "Патриоти" од Велес.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk