Сеха Лига: 14. коло натпреварувања одлучувачки за пласман

25.02.2014 08:40 | KumanovoNews

Македонскиот шампион Вардар на домашен терен го игра натпреварот од 14. коло од Сеха Лигата против екипата на Војводина, Нови Сад со почеток во 17.45 часот.

Сеха Лига: 14. коло натпреварувања одлучувачки за пласман

Дуелите од оваа рунда натпревари се одлучувачките за пласман на завршниот турнир за екипите на Загреб и Брест Мешков.

Ракометарите на Металург против екипат на Нексе ќе го одиграат во четврток на 27 февруари.

Табела: Загреб КО 34 (14 натпревари), Татран Прешов 33 (14), Вардар 28 (13), Мешков Брест 27 (13), Металург 25 (13), Војводина 15 (13), Борац 12 (12), Нексе 11 (13), Ловќен 11 (15), Партизан 3 (14).

Од веќе одиграните дуели победа извојуваа екипите на Татран Мешков и Борац (Ловќен - Татран Прешов 22:39 и Борац - Партизан 26:21.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk