Сеха Лига: Металург гостува кај Ловќен

12.09.2013 08:17 | KumanovoNews

Ракометарите на македонскиот првак Металург, денеска ќе го одиграат натпреварот од 2. коло од регионалната Сеха лига против екипата на Ловќен.

Сеха Лига: Металург гостува кај Ловќен

Во рамки на првото коло од регионалната лига, Ловќен го совлада Борац во Бања Лука со 33:26, додека македонските претставники Вардар и Металург одиграа нерешено (28:28).

Во 18 часот во салата во Подгорица ракометарите на Металург го започнуваат натпреварувањето против Ловќен, додека вториот наш претставни Вардар, во сабота во СРЦ во 18 часот, во второто коло од лигата за противник го има белградскиот Партизан.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk