Семинар за аикидо во Куманово

27.10.2012 16:08 | KumanovoNews

 Во Спортската сала на Економското училиште “Перо Наков“ утре во 16 часот ќе се оддржи семинар за аикидо на кој ќе бидат прикажани боречки зафати.

Семинар за аикидо во Куманово

На семинарот ќе присуствуваат членови од клубовите од Македонија, Србија и Бугарија. За оваа намена повикан е предавач од Јапонија.

- Доаѓа Тоширо Суга, кој по потекло е од Јапонија, а сега е ангажиран во француската аикидо федерација. Семинари имало и досега , но првпат имаме тренер од ваков ранг. Ќе има спој на теорија и пракса. Повикани се повеќе клубови од Македонија. Секој кој има интерес за овој спорт, може да дојде, влезот ќе биде бесплатен - рече Иван Скрчевски, инструктор во аикидо клуб “Агатсу“.

Семинарот го организира аикидо клубот “Агатсу“ од Куманово, со помош на Општински сојуз на спортови, со поддршка на градоначалникот Зоран Дамјановски и Советот на општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk