Серена и Ѓоковиќ со титули во Пекинг

07.10.2013 08:32 | KumanovoNews

Најдобрата светска тенисерка , Серена Вилијамс, го освои турнирот во Пекинг, откако во финалето ја совлада Јелена Јанковиќ со 6:2, 6:2.

Серена и Ѓоковиќ со титули во Пекинг

Српската тенисерка пружи добар отпор, но Серена во овој момент едноставно е пресилна за конкуренцијата.

Помладата од сестрите Вилијамс, во Пекинг ја освои 10-та титула оваа сезона, вкупно 56.та во кариерата.

Во меѓусебните дуели Американката против Јанковиќ води со 7:4.

Додека во машка конкуренција вчера Рафаел Надал забележа убедлив пораз од Новак Ѓоковиќ кој го освои АТП турнирот во Пекинг.

Српскиот тенисер на вчерашната средба влезе многу ентузијастички и во речиси неполни 2 часа и половина го совлада противникот.

Уште во првиот брејк направи водство од 2:0 и мирно ја чуваше предноста која резултирање со 6:3 во првиот сет.

Со оваа победа, Новак намали на 16:22 во меѓусебните дуели против Надал и на терените во Кина дојде до својот четврт трофеј.

Претхнодно тој трофеите ги освои во 2009, 2010 и 2012 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk