Серена Вилијамс со 17 грен слем титули

09.09.2013 08:02 | KumanovoNews

Американската тенисерка Серена Вилијамс уште една ја одбрани титулата на УС Опен турнирот во Њујорк, откако ја совлада белорусинката Азаренка со 2:1, по сетовите 7:5, 6:7, 6:1.

Серена Вилијамс со 17 грен слем титули

Оваа финале беше само уште една реприза на минатогодишната завршница во која исто така Американката прв пат успеја да ја одбрани титулата.

Серена Вилијамс ја освои 17. грен слем титула во кариерата и по овој турнир се израмни со Роже Федерер.

По синоќешниот турнир Серена стана шеста најтрофејна тенисерка.

Пред неа се Маргарет Корт со 24 титули, Штефи Граф со 22, Хелен Муди со 19 и Крис Еверт и Мартина Навратилова со по 18 пехари.

Денеска Рафаел Надал ја има истата таа шанска ако го победи српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на УС турнирот.

Надал е најдобриот тенисер годината на серијата турнири низ САД и Канада, а организаторите на САД опен оваа година му ветија бонус од милион долари, само ако го освои и трофејот на големиот УС Опен турнир во Њујорк.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk