Шест медали за кумановските боксери

03.05.2011 08:32 | KumanovoNews

 Кумановските боксери викендов настапија на Меѓународниот турнир во Приштина и освојиа 1 златна и 5 сребрени медала.

Шест медали за кумановските боксери

Јуниорите Николче Митевски и Атхе Мисини освојиа сребро, а преостанатите 4 боксери-сениори: Ибраим Мустафи зеде злато, додека Џемаил Сакиповски,Емран Мустафи и Гордан Антиќ сребра.

Кумановски боксери, како дел од македонската јуниорска репрезентација учествуваа на меѓународниот турнир ,,LAH NIMANI 2011,,во Приштина.Македонските боксери ги вкрстија ракавиците со своите колеги од Полска, Чешка, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и домаќинот Косово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk